Стојанче Стојанов ќе го суди мечот Работнички – Шкендија
Работнички в недела ќе ја пречека Шкендија на стадионот во Ѓорче Петров, во рамките на петтото коло од Првата фудбалска лига на Македонија. Натпреварот е закажан за 15.30 часот, а познати се и службените лица.
Стојанче Стојанов од Штип ќе биде главен судија на неделниот натпревар, а ќе му помагаат Никола Караколев и Ристо Ѓорѓиев. Четврти судија ќе биде Мервин Топојани (Скопје). Судии зад головите се Крумислав Ѓоргиев (Штип) и Дарко Стојчевски (Скопје).
За делегат на овој натпревар е одреден Мијалче Маџунаров (Штип), а контролор на судењето ќе биде Мијалчо Михаилов (Лозово).