Пораз од Шкендија во Ѓорче Петров
Работнички го забележа вториот пораз во новата сезона, откако загуби со 2-6 од Шкендија на стадионот во Ѓорче Петров, во рамките на петтото коло од Првата фудбалска лига. Клучниот момент се случи во седмата минута, кога Работнички остана со играч помалку на теренот.
Филип Дурански заработи црвен картон поради играње со рака во сопствениот шеснаесетник, а Ферхан Хасани пеналот го претвори во водство. Во 16.минута, Томислав Илиев во дуел со Ибраими, сакајќи да ја врати топката кон Шишковски ја затресе неговата мрежа. Во 34.минута, Благоја Тодоровски зголеми на 0-3.
По ова, Работнички постигна погодок од пенал преку Кире Маркоски во 38.минута, а на почетокот на вториот дел, Чарлс Гофри во 53.минута, со шут од 40 метри намали на 2-3.
Но, само три минути подоцна, Арменд Алими од слободен удар повторно ја одлепи Шкендија, а до крајот погодоци постигнаа и Ферхан Хасани и Шефит Шефити.
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 2-6 (1-3)
Стадион во Ѓорче Петров. Гледачи: 300. Судија: Стојанче Стојанов (Штип). Стрелци: Маркоски 38’ пен., Гофри 53’ (Работнички), Хасани 7’, 74’, Илиев аг 16’, Тодоровски 34’, Алими 56’, Шефити 83’ (Шкендија). Ж. картони: Мурати, Емини, Челиковиќ, Тодоровски (Шкендија). Црвен картон: Дурански (Работнички).
РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Илиев (53’ Кадриу), Рашо, Билали, Садики, Стјепановиќ, Дурански, Е. Сахити, Велинов, Маркоски (75’ Погосјан), Гофри (87’ Лазаров).
ШКЕНДИЈА: Захов, Мурати, Бејтулаи, Цуцули, Челиковиќ, Тодоровски, Тотре, Алими (77’ Шефити), Емини (63’ Жуниор), Хасани (84’ Теќја), Ибраими.