Марјан Гоцевски ќе го суди мечот Победа – Работнички
Работнички в среда (15.30 часот) ќе и гостува на Победа, во рамките на шестото коло од Првата фудбалска лига. Главен судија на натпреварот ќе биде Марјан Гоцевски (Струмица), а ќе му помагаат Петар Новачев (Велес) и Тоше Ицев (Кавадарци). Четврти судија ќе биде Васко Мавров (Струмица).
За делегат на натпреварот е одреден Зоран Михајловски (Скопје), додека контролор на судењето ќе биде Ванчо Коцев (Штип).