Работнички против Академија Пандев ќе биде домаќин на „Филип Втори“
Работнички се враќа на арената „Филип Втори“ за неделниот прволигашки натпревар против Академија Пандев. Нашиот клуб најавува дека ќе биде домаќин на нашиот најголем стадион на мечот од седмото коло во Првата фудбалска лига, кој ќе се одигра в недела, на 24 септември.
Поради зафатеност на арената, досега Работнички немаше можност оваа сезона да биде домаќин на „Филип Втори“.