Станковски ја презеде ’командата’ (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Новиот шеф на стручниот штаб на Работнички, Горан Станковски, денеска го одржа и првиот тренинг со екипата, откако вчера беше именуван на новата функција, по оставката што ја поднесе Виктор Треневски. По денешниот тренинг, Станковски веќе утре ќе го има и своето деби на клупата, на првенствениот натпревар против Силекс (15.30 часот) на арената „Филип Втори“.