Големиот јубилеј ќе биде прославен со пригодна манифестација
Работнички прославува 80 години од своето постоење, јубилеј што секако буди чувство на гордост, но и заслужува да биде одбележан со посебна манифестација. Фудбалскиот клуб ги информира своите симпатизери, навивачи и пред се сегашните и поранешните членови, дека во подготовка е манифестација на која и официјално ќе биде одбележан овој голем јубилеј.
Покрај својот спортски дел, на манифестацијата ќе бидат доделени признанија на личностите кои оставиле посебен белег во 80-годишната историја на клубот. На едно место ќе бидат собрани фудбалски работници од неколку генерации кои дале свој значаен придонес во градењето на блескавата историја и испишувањето на изминатите 80 години од постоењето.
Сегашното раководство на клубот со гордост ја продолжува традицијата и се труди да го задржи и надгради реномето на ФК Работнички, како клуб кој е респектабилен не само во македонски, но и во европски рамки.
Клубот Херој ќе живее уште долго и со надеж дека ќе слави уште позначајни јубилеи.