Марјан Гоцевски ќе го суди куп-мечот Шкендија – Работнички
Работнички в среда го игра реванш натпреварот од осминафиналето на Купот на Македонија против Шкендија и ќе гостува на Градскиот стадион во Тетово. Мечот е закажан со почеток во 14.30 часот, а одредени се и официјалните лица.
Главен судија на натпреварот ќе биде Марјан Гоцевски од Струмица, а ќе му помагаат Горан Манасиев (Велес) и Петар Новачев (Велес). Четврти судија е Фуркан Идризи (Тетово).
Делегат на овој натпревар ќе биде Гоце Шопоски од Струга, а контролор на судењето е Мијалчо Михаилов (Лозово).