Убедливо против Пелистер – Триумф во дербито на „Филип Втори“
Демонстрирајќи одлично издание во 11. коло од Првата македонска фудбалска лига, Работнички стигна до втората победа сезонава славејќи со 2-0 против Пелистер во дербито на „Филип Втори“.
Сосема заслужено составот на Горан Станковски дојде до трите бода со квалитетна игра во текот на сите 90 минути од средбата. Станковски, пак, на тој начин ја запиша првата победа по преземањето на клупата на „романтичарите“.
Уште од самиот почеток Работнички наметна силен ритам, па офанзивата се исплатеше во 18. минута кога Херера одлично реагираше со глава во гостинскиот шеснаесетник по корнерот од десната страна, сместувајќи ја топката под рацете на голманот на Пелистер, Марко Јовановски.
Во продолжението, „пелистерци“ се обидуваа да дојдат до израмнување но неуспешно. Наспроти тоа, повторно Работнички беше далеку поконкретниот тим на теренот. Па, во 42. минута Тодоров испрати одличен шут од околу 18 метри под самата греда од голот на Пелистер, но кога сите ја видоа топката во мрежата Јовановски успеа одлично да одбрани исфрлајќи во корнер.
Во второто полувреме повторно далеку поагресивна игра на избраниците на Станковски кои доминирајќи во средниот ред беа сериозна закана и кон противничкиот гол.
Сето тоа резултираше со втор гол за водство од 2-0, како од учебниците. Голманот Божиновски ја почна акцијата испраќајќи ја топката по десната страна до Погосјан кој одлично продре, го проигра Филип Дурански пред голот на битолчани, а тој рутински од неколку метри смести во мрежата на Пелистер.
До крајот, само мудро нашите фудбалери го одржуваа ритамот за конечен триумф од 2-0.
По оваа победа, Работнички има 10 бода, и натпревар помалку од конкурентите,