Димитар Мечкаровски ќе го суди мечот Работнички – Вардар в среда
Работнички в среда го очекува нов првенствен предизвик, дуел против Вардар на арената „Филип Втори“. За главен судија на овој натпревар е делегиран Димитар Мечкаровски од Скопје, а ќе му помагаат Дејан Неделкоски и Гоце Петрески. Четврти судија е Мервин Топојани (Скопје).
Нашиот тим ќе биде домаќин на оваа средба, а почетокот е закажан за 14.30 часот, в среда. За делегат на натпреварот е одреден Антонио Насевски (Кратово), а контролор на судењето ќе биде Ванчо Костенчев.