Кире Маркоски стрелец за Македонија против Норвешка
Фудбалерот на Работнички, Кире Маркоски, го постигна својот дебитантски погодок за А-репрезентацијата на Македонија. По успесите што Маркоски ги имаше со младиот национален тим до 21 година, како и настапот на ЕП во Полска, тој доби повик од селекторот на сениорската репрезентација Игор Ангеловски и го искористи на најдобар можен начин на пријателскиот натпревар против Норвешка.
Кире Маркоски доби шанса во завршницата на мечот, но и таа мала минутажа му беше доволна за да го постигне првиот гол во дресот на најдобрата селекција на Македонија. Тој искористи една грешка на одбраната на Норвешка, и во 90.минута успеа да ја затресе нивната мрежа.
Успех забележа и младата селекција до 19 години, која обезбеди настап во елитните квалификации, откако денеска ја совлада Белгија со 2-1. На овој меч настапи фудбалерот на Работнички, Миле Тодоров.