Марјан Маркоски ќе го суди мечот Силекс – Работнички
Работнички в недела (13 часот) ќе гостува во Кратово и ќе ги одмери силите со Силекс во рамките на 17.коло од Првата фудбалска лига. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.
Марјан Маркоски од Охрид ќе биде главен судија на мечот, а ќе му помагаат Лазе Чакарески (Струга) и Симон Грданоски (Струга). Четврти судија на натпреварот ќе биде Илија Гонев (Неготино).
За делегат на натпреварот е одреден Зоран Михајловски (Скопје), а контролор на судењето ќе биде Зоран Николовски (Скопје).