Работнички со повеќе награди на манифестацијата на ФФМ за најдобрите во сезоната 2016/17
Фудбалскиот клуб Работнички е добитник на повеќе награди како дел од манифестацијата за избор на најдобрите во сезоната 2016/17, што вечерва се одржа во Македонскиот Народен Театар во Скопје. Сениорската екипа на ФК Работнички е добитник на призанието за фер-плеј екипа.
Имаме добитници и во младинскиот фудбал. ФК Работнички е најдобар клуб во младинска конкуренција, а тренерот Горан Станковски е избран за најдобар во младинска конкуренција, за успесите што ги имаше во сезоната 2016/17. Тој во 2017 година е именуван и за шеф на стручниот штаб на сениорскиот тим на Работнички.
Елиф Елмас, кој во сезоната 2016/17 го носеше дресот на Работнички, е избран за најдобар играч во младинскиот фудбал. Како дел од репрезентацијата до 19 години, награден беше и Миле Тодоров.