Станковски: Со верба во сопствениот квалитет, можеме да го изненадиме Вардар
Работнички в среда (13 часот) ќе го одигра одложениот натпревар против Вардар, што воедно ќе биде и последен меч во пресрет на крајот на есенската полусезона. Тренерот Горан Станковски верува дека тимот може да извлече позитивен резултат.
„Вардар е фаворит, но јас верувам во нашиот тим и се надевам дека ќе одиграме квалитетно како на последните неколку натпревари. Доколку го сториме тоа, бидеме дисциплинирани во играта, мислам дека можеме да го изненадиме противникот. Кога Работнички ќе одигра на своето најдобро ниво, тогаш нема тим во лигата што е непобедлив. Работевме напорно во изминатите денови, се подготвуваме за последното есенско искушение, и веруваме дека ќе успееме да освоиме бодови“, истакнува шефот на стручниот штаб на Работнички.