„Романтичарите“ на зимски одмор до 5.јануари
Сениорскиот погон на Работнички од денеска заминува на заслужен зимски одмор до 5.јануари. Тренерот Горан Станковски ги распушти фудбалерите, откако вчера ја одработија и последната првенствена обврска за 2017 година, играјќи го одложениот меч против Вардар, кој го загубија со 1-0. По 18 одиграни кола, Работнички ќе презими на петтата позиција на табелата во Првата лига со 23 освоени бода.
„Фудбалерите заминуваат на заслужен одмор. Првата прозивка по зимската пауза е закажана за 5.јануари, кога активностите ќе почнат со задолжителните лекарски прегледи, по што ќе биде означен и старт на подготовките за пролетниот дел од сезоната“, вели шефот на стручниот штаб, Горан Станковски.