Станковски: Комплетирање и засилена активност
Тимот на Работнички продолжува со засилена активност во подготвителниот процес, а шефот на стручниот штаб Горан Станковски очекува комплетирање на составот. Се очекува во текот на утрешниот ден да се приклучат и Серџо јуниор, Себастијан Херера, кои имаа продолжен одмор во своите земји, како и Остоја Стјепановиќ, кој имаше здравствени проблеми.
„Подготовките течат со засилено темпо, а од утре очекувам и комплетирање на составот. Ќе пристигнат и странците кои најавија задоцнување и ќе се приклучат во тренажниот процес. Останатиот дел од тимот веќе работи напорно, и ќе продолжиме со двојна програма на тренинзи според зацртаниот план. Пред заминувањето на подготовки во Анталија, ќе одиграме и еден пријателски натпревар со Борец во Велес. Засега се оди според очекувањата и не очекува уште многу работа“, вели шефот на стручниот штаб, Горан Станковски.