Работнички напролет со нов лик: „Јома“ нов технички спонзор
Работнички во наредните две години ќе носи спортска опрема од компанијата „Јома“. Новите комплети дресови, тренерки, јакни, како и опремата за тренинзи се веќе пристигнати, а капитенот Душко Трајчевски, репрезентативецот Кире Маркоски, напаѓачот Чарлс Гофри и голманот Даниел Божиновски се најдоа и во улога на манекени, за нејзино претставување во јавноста.
Херојот од Дебар Маало и во минатото носеше спортска опрема „Јома“, а таа своевремено донесе и многу успеси за тимот. Со надеж за успешна соработка и подобри резултати во пролетниот дел од првенството, составот на Горан Станковски продолжува со интензивните зимски подготовки.