Пораз од Габала (1-2) на првиот тест во Анталија
Работнички го загуби првиот пријателски натпревар на зимските подготовки во Анталија. Тимот на Горан Станковски доживеа пораз (1-2) од Габала, тимот од Азербејџан.
Во возбудлив и динамичен натпревар, Работнички прв стигна до водство со голот на Серџо јуниор во 33.минута. Сепак, Габала успеа да израмни пред самиот крај на првиот дел, со погодокот на Багали Дабо.
Во 53.минута, Габала направи комплетен пресврт со погодокот на Асаф Мамадов, а Работнички имаше неколку убави можности за израмнување кои останаа неискористени.
Тренерот Горан Станковски на овој натпревар им даде шанса на сите фудбалери со поделена минутажа, а единствено Филип Дурански го одигра целиот натпревар.
Следниот тест за Работнички е на 26.јануари со Интер Баку од Азербејџан.
РАБОТНИЧКИ – ГАБАЛА 1-2 (1-1)
Фудбалски центар во Анталија. Стрелци: Серџо јуниор 33’ (Работнички), Дабо 45’, Мамадов 53’ (Габала).
РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Крмар, Митрев, Красниќи, Херера, Трајчевски, Дурански, Шаркоски, Велинов, Серџо јуниор, Станковски. Уште играа: Јанков, Садики, Најдовски, Асани, Стјепановиќ, Лазаров, Петковски, Миовски, Гофри, Маркоски.
ГАБАЛА: Безотошни, Станковиќ, Вернидуб, Набијев, Озобиќ, Хусејнов, Мамадов, Алијев, Дабо, Гурбанов, Монроус. Уште играа: Попов, Џамалов, Рамаданов, И.Гурбанов, Кализаде, Коне, Х. Хаџијев.