Работнички ремизираше против Беласица на последниот тест (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Работнички го одигра последниот пријателски натпревар во пресрет на стартот на пролетниот дел од првенството во Првата лига. На вештачкото игралиште во Ѓорче Петров, Работнички ремизираше без голови против второлигашот Беласица.
Тренерот Горан Станковски ја увиде моментната форма на фудбалерите и ќе се обиде да корегира дел од грешките до почетокот на шампионатот, што стартува за седум дена.