Мечот Работнички – Вардар закажан за в сабота, со почеток во 14 часот
Работнички претстојниот викенд го очекува градската дерби – пресметка со Вардар. Натпреварот ќе се одигра в сабота, со почеток во 14 часот, на арената „Филип Втори“ во Скопје. Тоа е меч од 21.коло во Првата фудбалска лига на Македонија.
Во пресрет на овој дуел, Работнички се наоѓа на шестата позиција на табелата со освоени 24 бода, додека Вардар е второпласиран, со 42 бода.