Станковски: Ја забораваме Шкендија, сакаме позитивен резултат против Победа
Работнички го остава зад себе поразот од Шкендија во минатото коло и максимално се фокусира на новиот предизвик, гостувањето против Победа. Тренерот Горан Станковски вели тој пораз нема да остави последици по тимот, со оглед дека Шкендија е сепак екипа која игра во одлична форма во првенството.
„Ја забораваме Шкендија и се насочуваме на претстојниот натпревар против Победа. Мислам дека нема да остави последици тој пораз од Шкендија, затоа што такви беа околностите на натпреварот, игравме со играч помалку, а и мора да бидеме реални дека противникот игра во одлична форма. Но, сега сме максимално фокусирани на дуелот со Победа. Работиме напорно, не не интересираат случувањата во туѓиот двор, гледаме да напреднеме во сите сегменти и се надеваме на позитивен резултат“, вели шефот на стручниот штаб, Горан Станковски.