Кировски: Сакаме триумф против Победа
Работнички в сабота, со почеток во 14 часот, ќе гостува на стадионот „Младост“ во Струмица, каде ќе ги одмери силите со прилепскиот прволигаш Победа. Поразот од Шкендија во минатото коло е заборавен, а избраниците на тренерот Горан Станковски се фокусирани на претстојниот дуел. Желбите се јасни, да се освојат трите бода на овој меч, а тоа го потенцира и напаѓачот Христијан Кировски.
„Го оставивме зад себе поразот од Шкендија и максимално сме мотивирани да одиграме квалитетно против Победа во Струмица. Теренот на стадионот „Младост“ нуди добри услови за фудбалско надигрување и мислам дека тоа наполно ќе ни одговара, а наше е да одиграме најдобро што знаеме. Верувам дека имаме квалитет да го совладаме составот на Победа и да освоиме три бода“, вели Христијан Кировски.