Станковски: Разочарување во Струмица, ќе следи детална анализа
Работнички загуби од Победа со 2-0 на стадионот „Младост“ во Струмица во рамките на 24.коло во Првата фудбалска лига. Прикажаната игра и резултатот апсолутно го разочараа тренерот Горан Станковски, кој вели дека деновиве ќе следи детална анализа за игрите на тимот.
„Разочарувањето е големо. Мора да истакнам дека не сум задоволен ниту од изданието, а секако и од резултатот на последниот меч против Победа во Струмица. Имавме и играч повеќе во одреден период од натпреварот, и тоа не успеавме да го материјализираме. Противникот покажа голема желба за успех и на крајот успеа да дојде до бодовите, а ние останавме со празни раце. Ќе мора детално да ги анализираме состојбите во тимот и нешто категорично ќе треба да се менува“, вели шефот на стручниот штаб, Горан Станковски.
По поразот од Победа, Работнички се наоѓа на шестото место на табелата во Првата лига со 28 бода.