Мечкаровски ќе го суди мечот Работнички – Академија Пандев
Работнички утре (15 часот) ќе биде домаќин на Академија Пандев на комплексот на ФФМ во Куќата на фудбалот, а главен судија на натпреварот ќе биде Димитар Мечкаровски. Негови помошници се Дејан Неделкоски и Гоце Петрески (сите од Скопје), а за четврти судија е одреден Петар Новачев (Велес). Дополнителни судии зад головите ќе бидат Константин Влахо (Скопје) и Зоранчо Темелков (Кавадарци).
За делегат на натпреварот е одреден Благоја Петров (Велес), додека контролор на судењето ќе биде Мијалчо Михаилов (Лозово).