Херера: Нема да биде лесно, но одиме на триумф и против Скопје
Работнички в недела (16 часот) му гостува на Скопје во рамките на 27.коло од Првата фудбалска лига. По триумфот над Силекс, избраниците на Ѓоре Јовановски се надеваат дека ќе продолжат со позитивни резултати под негово раководство.
Левиот бек Себастијан Херера очекува тежок натпревар против тимот на Скопје, кој се бори за опстанок, но посакува Работнички да ги освои трите бода.
„Атмосферата во тимот е на високо ниво. По триумфот што го остваривме против Силекс се надеваме дека ќе продолжиме во исто темпо и на наредните натпревари. Не очекува навистина тешко гостување против Скопје, тоа е тим на кој бодовите му се потребни за опстанок, но и ние исто така сакаме да ги освоиме за да се задржиме во трката за излез на европската сцена. Нема да биде лесно, но доколку ги исполниме задачите на шефот Ѓоре Јовановски, очекувам да оствариме позитивен резултат“, вели Себастијан Херера.
Мечот меѓу Скопје и Работнички ќе го суди Марјан Гоцевски од Струмица, а ќе му помагаат Саше Тошевски (Скопје) и Никола Божиновски (Скопје). Делегат на натпреварот е Серафим Ангелов од Кочани, а контролор на судењето ќе биде Петре Илиоски од Прилеп.