Убедлива победа над Пелистер (4-0)
Работнички оствари убедлив триумф (4-0) над Пелистер во рамките на 29.коло од Првата фудбалска лига. Со ова победа нашиот тим се зацврсти на четвртата позиција на табелата со 38 бода.
Тимот на Ѓоре Јовановски на овој меч покажа завиден квалитет и желба за победа. Во седмата минута Серџо јуниор ја имаше првата одлична шанса. Шутираше откосо од левата страна, а голманот Илчо Петровски ја одби топката која заврши во гредата од голот на гостите.
По ова, и Ангелов и Маркоски имаа свои обиди, но на полувреме се замина без голови. Но, затоа во второто ги имаше дури четири.
Во 54.минута, Виктор Ангелов донесе водство за нашиот тим. Асани нафрли од левата страна, Ангелов шутираше од пеналтикот и го совлада Петровски. А потоа тргна серијата голови.
Во 65.минута, Кире Маркоски доби употреблива топка во шеснаесетникот и рутински ја погоди мрежата од левата страна. Само две минути подоцна, одлична акција изведе Работнички, а повторно ја реализира Кире Маркоски.
Во 70.минута, Чарлс Гофри постигна и четврти гол за нашиот тим, со што беше запечатена убедливата победа.
РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР 4-0 (0-0)
Арена „Филип Втори“. Судија: Стојанче Стојанов (Штип). Стрелци: Ангелов 54’, Маркоски 65’, 67’, Гофри 70’ (Работнички). Ж. картони: Шаркоски, Асани (Работнички), Маркоски (Пелистер).
РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Митрев, Садики, Асани, Трајчевски, Стјепановиќ, Петковски, Шаркоски, Серџо јуниор, Ангелов, Маркоски.
ПЕЛИСТЕР: Петровски, Илиевски, Драгарски, Ристевски, Љамчевски, Тодоровски, Маркоски, Наумоски, Миленковски, Коњарски, Трифуновски.