Димитар Мечкаровски ќе го суди мечот Работнички – Шкупи
Работнички в недела, со почеток во 16 часот, ќе го пречека тимот на Шкупи на националната арена „Филип Втори“, во рамките на 31.коло од Првата фудбалска лига. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.
Главен судија ќе биде Димитар Мечкаровски (Скопје), а ќе му помагаат Дејан Неделкоски и Гоце Петрески. Четврти судија на натпреварот е Билјана Атанасовски. Дополнителни судии зад головите се Никола Костенчев и Дарко Стојчевски.
За делегат на натпреварот е Драган Јорданов (Велес), а контролор на судењето ќе биде Зоран Јосифов (Кавадарци).