Петар Мантев ќе го суди мечот Работнички – Победа
Работнички в недела, со почеток во 16.30 часот, ќе го пречека тимот на Победа на арената „Филип Втори“ во рамките на 33.коло од Првата фудбалска лига. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.
Главен судија на натпреварот ќе биде Петар Мантев (Неготино), а ќе му помагаат Илија Гонев (Неготино) и Горан Манасев (Велес). Четврти судија на натпреварот е Зоранчо Темелков (Кавадарци).
За делегат на натпреварот е одреден Гоце Марковски од Охрид, а контролор на судењето ќе биде Мијалчо Михаилов (Лозово).