Јовановски: Сами решаваме за нашата судбина во последното коло
Работнички остана непоразен на гостувањето во Кратово играјќи без голови против Силекс и ја задржа третата позиција на табелата во пресрет на последното коло. Нашиот тим в недела на арената „Филип Втори“ ќе го нагости Скопје и сам решава за својата судбина.
„Одигравме фајтерски натпревар против Силекс во Кратово и ја остваривме целта, да останеме непоразени. Сега ни преостанува последното коло и дуелот против Скопје, во кој сами ќе си решаваме за нашата судбина. Честитки за фудбалерите, затоа што во последните неколку натпревари издржаа голем психолошки притисок, а сега ќе се фокусираме максимално на последниот меч и се надеваме дека добро ќе ја завршиме работата“, вели шефот на стручниот штаб, Ѓоре Јовановски.