Првата контрола летово против Славија Софија
Првиот пријателски натпревар за време на летните подготовки за Работнички ќе биде на гостувањето против бугарскиот прволигаш Славија Софија на 18. јуни.
Стручниот штаб на „романтичарите“ ја прифати поканата на Славија Софија за гостување на почетокот од подготовките за настапите во квалификациите за Лигата на Европа.
Првиот собир за почеток на подготовките за новата сезона е закажан за 11. јуни, а централните подготовки за настапите во Лига Европа, Работнички ќе ги одработи во Терме Чатеж, Словенија.