Љубомир Стевановиќ и Душан Стевиќ, нови фудбалери на Работнички
Работнички се засили со двајца фудбалери од соседна Србија. Нови фудбалери на нашиот тим се Љубомир Стевановиќ (31), играч за врска, и Душан Стевиќ (22), десен бек, српски интернационалци кои во изминатиот период настапуваа во Грција.
Љубомир Стевановиќ е играч од средниот ред кој во минатото играше за македонскиот клуб Металург, а потоа беше дел од грчките клубови Калони, Трикала и Арис. Во Србија, Стевановиќ има настапувано за Младост Апатин и Банат Зрењанин. Тој потпиша едногодишен договор со ФК Работнички.
Душан Стевиќ има 22 години и игра на позицијата десен бек. Тој кариерата ја почна во Раднички Крагуевац, а изминатите две години настапуваше за грчкиот клуб Пансераикос. Стевиќ потпиша двегодишен договор со Работнички.
Претходни, нови членови на Работнички станаа и Оливер Пеев и Филип Петковски.