Митрев уште една сезона во дресот на Работнички
Дефанзивецот Деан Митрев го продолжи договорот со Работнички за уште една сезона. Тој се договори со раководството на нашиот клуб за обновување на соработката и за следната сезона. Иако имаше понуди од неколку македонски прволигаши, Митрев одлучи да остане во Работнички и ќе биде значаен дел од составот за настапите во квалификациите за Лигата на Европа и на домашната сцена.
„Ја продолживме соработката со Деан Митрев за уште една година. Тој и во претстојната сезона ќе го носи дресот на Работнички. Се работи за квалитетен одбранбен фудбалер, веќе докажан во македонскиот фудбал и драго ни е што и понатаму ќе биде дел од нашиот клуб“, вели спортскиот директор на Работнички, Иван Поповски.
Работнички в понеделник, со почеток во 11 часот, ќе ја има првата прозивка, со што ќе биде означен и стартот на летните подготовки.