Пораз од Славија Софија во Банско (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Работнички загуби (0-3) од бугарскиот прволигаш Славија Софија на пријателскиот натпревар што се одигра во Банско. На првата контрола на формата тренерот Ѓоре Јовановски им даде подеднаква минутажа на сите фудбалери, а бугарскиот тим беше подобар и славеше триумф.
Славија Софија поведе во осмата минута со голот на Милчо Ангелов, а во вториот дел бугарскиот тим постигна уште два гола. Филип Крстев и Тони Иванов беа стрелци на вториот и на третиот погодок за Славија Софија на овој меч.
За Работнички на овој меч настапија: Божиновски, Стевиќ, Садики, Херера, Најдовски, Бопесу, Шаркоски, Стјепановиќ, Пеев, Стевановиќ, Станковски.
Уште играа: Јанков, Митрев, Радев, Стоименовски, Борха, Тодоровски, Фазлиу, Колески, Додевски, Петровски, Ацковски.