Реми (1-1) против Домжале
Тимот на Работнички ремизираше (1-1) против словенечкиот прволигаш Домжале во шестиот пријателски натпревар во текот на летните подготовки. На теренот на Домжале, тренерот Ѓоре Јовановски повторно им даде шанса на сите фудбалери, а нашиот тим поведе во 56.минута, со погодокот на Чарлс Гофри.
Во финишот, Домжале успеа да израмни со удар од белата точка. Во 77.минута, Леон Најдовски стартуваше над Николсон, а судијата покажа најстрога казна. Сенијад Ибричиќ го совлада Ристо Јанков од 11 метри, за конечни 1-1 на овој тест меч.
По ова, Работнички ги заокружува летните подготовки во Терме Чатеж и се враќа во Скопје, каде ќе се подготвува за првиот меч против Хонвед, во рамките на првото коло од квалификациите за Лигата на Европа.
ДОМЖАЛЕ – РАБОТНИЧКИ 1-1 (0-0)
Спортски парк Домжале. Стрелци: Ибричиќ 77’ пенал (Домжале), Гофри 56’ (Работнички). Жолт картон: Добровољц (Домжале).
ДОМЖАЛЕ: Милич, Гучек, Урбанчиќ, Жужек, Урх, Хаљета, Шипек, Добровољц, Врандечиќ, Ром, Хебај.
Уште играа: Мулалиќ, Гутиќ, Тетичкович, Клеменчич, Широк, Безјак, Ибраими, Морис, Ибричиќ, Мелњак, Николсон, Черин, Хусмани.
РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Тодоровски, Митрев, Борха, Херера, Стјепановиќ, Шаркоски, Ацкоски, Бопесу, Фазлиу, П. Петковски.
Уште играа: Јанков, Стевиќ, Садики, Најдовски, Додевски, Петев, Стевановиќ, Колевски, Јанкулоски, Гофри, Ф. Петковски.