Работнички закажа тестови со Беса и со Пелистер
Тимот на Работнички отпатува за Пеќ (Косово), каде денеска со почеток во 17 часот ќе одигра пријателски натпревар со Беса. Закажан е уште еден пријателски меч, во вторник во Скопје, на игралиштето на Алумина, составот на Ѓоре Јовановски ќе тестира против македонскиот второлигаш Пелистер. Овие тестови се за подигнување на формата во пресрет на почетокот на новиот шампионат на Македонија.
„Максимално сме фокусирани на тоа што ни претстои. Настапот во Лигата на Европа е веќе зад нас, за жал, не успеавме да оставиме посилен белег оваа сезона. Но, сега се насочуваме кон новата сезона и затоа ќе одиграме неколку пријателски натпревари за да се подготвиме што е можно подобро за претстојните искушенија“, вели шефот на стручниот штаб, Ѓоре Јовановски.