Мини – турнеја во Бугарија
Работнички продолжува со одигрување на пријателски натпревари во пресрет на стартот на новата сезона во Првата лига. Денеска тимот на Ѓоре Јовановски ќе одигра тест – средба со Пелистер, со почеток во 17 часот, на игралиштето на Алумина во Скопје, а утре ќе следи и мини – турнеја во Бугарија.
Работнички утре, со почеток во 17 часот по македонско време ќе одигра меѓународен пријателски меч со кипарскиот тим АЕЛ Лимасол во Правец (Бугарија). Следниот ден, е закажан уште еден пријателски меч, против бугарскиот тим Витоша Бистрица (17 часот по македонско време) во Софија.