Пораз (1-2) на тестот со Пелистер
Работнички го загуби (1-2) пријателскиот натпревар со второлигашот Пелистер. Тренерот Ѓоре Јовановски им даде шанса на дел од помладите фудбалери на овој тест меч, а на полувремето Пелистер имаше водство од 0-1.
Битолскиот тим во вториот дел стигна и до предност од два гола, а поразот го ублажи новото засилување, Игор Недељковиќ.
Тимот на Работнички утре патува за Бугарија, каде во наредните два дена ќе одигра два пријателски натпревари, против АЕЛ Лимасол во Правец, и против Витоша Бистрица во Софија.