Работнички поразен од АЕЛ Лимасол
Работнички го загуби пријателскиот натпревар против кипарскиот тим АЕЛ Лимасол со 0-1. Ова е првиот тест од мини-турнејата во Бугарија, во пресрет на стартот од новата сезона во Првата фудбалска лига на Македонија. Утре нашиот тим ќе одигра уште еден пријателски меч со Витоша Бистрица во Софија, по што се враќа во Скопје.
Тренерот Ѓоре Јовановски мечот го стартуваше со следниот состав: Божиновски, Стевиќ, Најдовски, Митрев, Херера, Стјепановиќ, Стевановиќ, Бопесу, Недељковиќ, Петковски, Станковски. Во вториот дел шанса добија и останатите фудбалери кои отпатуваа на турнејата во Бугарија.