Работнички во Купот тргнува против Фортуна
Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска беа извлечени двојките за првото коло во Купот на Македонија, кое ќе се одигра на 22.август. Работнички на стартот од најмасовното фудбалско натпреварување ќе му гостува на нисколигашот Фортуна.
Претстојниов викенд стартуваат и возбудувањата во Првата фудбалска лига на Македонија, а Работнички в сабота ќе го пречека тимот на Ренова.