Работнички в сабота домаќин на Ренова, ќе суди Марјан Гоцевски
Работнички в сабота ќе ја отвори новата сезона во Првата лига со премиерниот меч против Ренова. Нашиот тим ќе биде домаќин на арената „Филип Втори“, натпреварот е закажан за 17 часот, а ќе го суди Марјан Гоцевски од Струмица. Ќе му помагаат неговите сограѓани Ѓорѓи Станковски и Кире Ангеловски, а четврти судија ќе биде Васко Мавров (сите од Струмица).
За делегат на натпреварот е одреден Кочо Зердески од Кичево, а контролор на судењето ќе биде Илир Сеља од Струга.