Убедливи 0-6 против Фортуна: Лесен пласман во осминафиналето од Купот на Македонија
Работнички се пласираше во осминафиналето од Купот на Македонија откако сосема очекувано во 1/16-финалната пресметка славеше убедливо со 0-6 на гостувањето против нисколигашот Фортуна.
До победата „романтичарите“ дојдоа со трите погодоци на Чарлс Гофри во 3., 79. и во 84. минута од средбата. По еден погодок постигнаа Оливер Стоименовски во 51. минута, Марио Станковски во 62. минута и Леонид Редев Јанкуловски во 82. минута.
Стратегот Ѓоре Јовановски на денешниот натпревар настапи речиси со комплетно младински состав. За „романтичарите“ настапија дури 11 младинци, единствено со Николче Шаркоски, Филип Петковски и Чарлс Чинеду Гофри од поискусните првотимци.