Против Победа во Битола, главен судија Гоцевски од Струмица
Натпреварот од 3. коло во Првата македонска фудбалска лига на гостински терен против Победа, Работнички ќе го игра на стадионот „Тумбе кафе“ во Битола в недела (26. август) со почеток од 17 часот.
Поради реконструкцијата на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп, Победа своите домашни натпревари ги игра најчесто во Битола. Така ќе биде и в недела против нашиот тим.
Главен судија на натпреварот ќе биде Марјан Гоцевски од Струмица, а ќе му помагаат сограѓаните Ангеловски и Станковски. Четврти судија ќе биде Васко Мавров, исто така од Струмица, а делегат Гоце Цветановски од Демир Хисар.